Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

Макфакс

14/08/2026

08:04

186

Големина на фонт

а а а

Денеска ќе има планирани исклучувања на електрична енергија во делови од четири скопски општини поради технички интервенции, кои ќе траат во различни временски периоди.

Без струја денеска ќе останат делови од општините Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба.

Од ЕВН Македонија АД известени сме дека планирани исклучувања на ел. енергија поради технички интервенции за ден 14.08.2026 година (петок) ќе имаат корисниците:

· Во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од с. Мралино, Бензинска пумпа Дади компани во Мралино и делови од Населба Дрма (општина Илинден);

· Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од с. Нова Брезница (општина Сопиште);

· Во периодот од 09.00 до 14.00 часот ул. Христо Татарчев бр. 49Г и околината кај поранешна Црвена Звезда (општина Кисела Вода);

· Во периодот од 08.30 до 14.30 часот дел од улица 20, улица Финска 15 и ул. 10 Инџиково (општина Гази Баба)“, соопшти РЦУК Скопје.