Околу 2000 евакуирани во Омиш: „Сè е покриено со чад, којзнае кога ќе можат да се вратат“

Макфакс

14/08/2026

09:10

185

Големина на фонт

а а а

Околу 2000 лица се евакуирани поради пожар во Омиш, при што службите се подготвени за дополнителни евакуации. Прифатниот центар обезбедува основни потреби и медицинска помош, но враќањето на жителите е неизвесно поради големата количина на чад и неповолните временски услови.

Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави Ана Стејскал, директорка на Црвениот крст на Омиш.

Според неа, до полноќ биле регистрирани повеќе од 2.000 лица, но некои од нив оттогаш го напуштиле подрачјето или, доколку се локални жители, заминале кај членови на семејството.

Стејскал вели дека службите се подготвени доколку има потреба од дополнителни евакуации, но во моментов не очекуваат тие да се случат.

Евакуираните ќе останат во прифатниот центар додека не се воспостави сообраќајот и опожарените места не се исчистат и стават под контрола.

„Временските услови се навистина неповолни во моментов. Дува ветер во сите правци, сè е зачадено и не знам кога ќе можат да се вратат евакуираните“, рече Стејскал.

Во прифатниот центар, вели таа, има доволно храна, вода, лекови и други основни потреби.

Голем број волонтери одговорија на повикот, вклучувајќи фармацевти и медицински професионалци. Службите за итна медицинска помош беа исто така на местото на настанот, обезбедувајќи помош на луѓето на кои им е потребна.

Основни намирници беа обезбедени синоќа, а топли оброци ќе бидат организирани во текот на денот за сите во прифатниот центар.

Повеќе фотографии од страшниот пожар и од тоа што остана по него има ТУКА.

 

foto/Depositphotos