Променливо облачно време, попладне локален дожд

Макфакс

14/08/2026

08:41

233

Големина на фонт

а а а

Денешното време ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Попладне се очекува локален дожд со можност за грмежи и краткотрајно невреме на одредени места.

Денеска времето ќе биде пременливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.