Турција постигна значителен раст во воздушниот сообраќај, искачувајќи се на третото место во Европа по број на патници, со рекорден капацитет и број на летови и авиони.
Капацитетот на турските аеродроми во последните 24 години пораснал од 55 милиони на речиси 400 милиони патници годишно, соопшти турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.
Бројот на активни аеродроми е зголемен од 26 на 58, а бројот на патници годишно до крајот на 2025 година достигнал 247,1 милион, наспроти околу 34 милиони во 2002 година.
Турција денес реализира повеќе од 2,5 милиони летови годишно кон 356 меѓународни дестинации. Воздушната флота пораснала од 626 на 2.218 авиони.
Според Уралоглу, Турција од седмото се искачила на третото место во Европа според патничкиот воздушен сообраќај, а глобално напредувала од 18-то на седмо место.








