[ВИДЕО] Фотографот Стојан Стојановски го овековечи затемнувањето на Сонцето над Охрид – погледнете ја неверојатната сцена

Точка

12/08/2026

21:46

745

Големина на фонт

а а а

Реткото затемнување на Сонцето денеска беше видливо ширум Европа, а делумната фаза можеше да се набљудува и од Македонија.

Затемнувањето започна во 19:29 часот, максимумот беше достигнат во 19:36 часот, по што феноменот заврши во 19:39 часот, непосредно пред зајдисонцето.

Овој редок феномен кај нас го овековечи и фотографот Стојан Стојановски, кој успеа да го забележи затемнувањето на Сонцето над Охридското езеро.


Целосното затемнување беше видливо во делови од Исланд, Гренланд и северна Шпанија, каде што Месечината целосно го покри Сонцето и за кратко настапи мрак среде ден. НАСА претходно објави дека максималното времетраење на затемнувањето ќе биде 2 минути и 18 секунди над Гренландското Море, додека ширината на вкупната сенка ќе биде околу 290 километри.

Астрономите потсетуваат дека при делумно затемнување Сонцето не смее да се гледа директно без специјални заштитни очила со официјален сертификат ISO 12312-2, бидејќи може да дојде до трајно оштетување на видот.

Според експертите, затемнувањето не треба да се гледа преку двоглед, телескопи или други оптички уреди без соодветна заштита.Гледањето директно во Сонцето без соодветна заштита може да предизвика сериозно и трајно оштетување на видот, предупредуваат експертите.