МВР поведе кривична против 52-годишна Словенка за 47 интернет трансакции со туѓа картичка вредни речиси 100 илјади денари

Макфакс

13/08/2026

15:30

64

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Делчево поднесе кривична пријава против 52-годишна жена од Словенија заради неовластено користење на туѓа банкарска картичка со која направила 47 интернет трансакции во вредност од речиси 100 илјади денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г. (52) од Словенија поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според пријавата, во периодот од 23 до 27 октомври 2025 година, пријавената неовластено користела банкарска картичка во сопственост на друго лице.

Со картичката, преку интернет апликација, таа извршила 47 трансакции во вкупна вредност од 99.751 денар.