Родри го одби Реал Мадрид и му даде голема предност на вечниот шпански ривал на „кралскиот клуб“, па иако Барселона е во пол-позиција за да ја комплетира зделката, истата засега не изгледа воопшто лесна за реализирање.
Иако самиот играч и клубот имаат интензии да соработуваат заедно во сезоните кои претстојат, Манчестер Сити како клуб не сака да се ослободи од некогашната „Златна топка“ по секоја цена, па така денеска била одбиена и втората понуда која ја доставиле Каталонците.
Водечките луѓе на Манчестер Сити не се задоволни ниту од втората понуда која пристигнала на нивна адреса, а како што вели „Тајмс“, во истата биле вклучени многу клаузули и бонуси кои не даваат кристално јасна слика за „граѓаните“.
Во вид на бонуси и потенцијални компензации во иднина, Барселона доставила понуда вредна 65 милиони евра, но Манчестер Сити ја одбил истата и се уште се држи до почетниот став.
„Граѓаните“ ценат дека Родри вреди измеѓу 70 и 80 милиони евра дури и во ситуација кога има една година од важечкиот договор, па тоа најавува нова рунда преговори и порака до Каталонците дека мора добро да се потрудат за да го обезбедат неговиот потпис.
И покрај одбивањето, луѓето во Барселона веруваат дека на крајот ќе ја истераат операцијата до самиот крај и дека Ханси Флик ќе добие елитен фудбалер кој беше избран и за МВП на Светското првенство кое неодамна заврши.








