Фудбалската филозофија на Чави Ернанднес целосно се поклопува со сфаќањата кои ги имаат Холанѓаните за најважната споредна работа во светот, па иако никој не најавуваше такво нешто, вчера пристигна официјална потврда за взаемен договор меѓу двете страни.
Чави е избраниот човек од холандската Федерација како идеален кандидат за наследник на Роналд Куман, а еден ден по потврдата на соработката, легендата на Барселона се јави и со прва изјава.
По хаотичниот крај на тренерската авантура во Барса, Чави за првпат добива работа и влегува во нов предизвик, а како што вели самиот, фудаблските вредности кои тој ги негува во целост ги препознава во Холандија.
– За мене е голема честа што станав селектор на холандскаста фудбалска репрезентација. Како некој што мина низ младинската школа на Барселона, со силно влијание од луѓе како Јохан Кројф и Ринус Михелс, чувствувам посебна врска со холандскиот фудбал.
– Може слободно да се каже дека јас на некој начин сум син на холандскиот фудбал, – гласи правата порака на Чави.
#Xavi2030 💬#NothingLikeOranje pic.twitter.com/0b5KGxqmph
— OnsOranje (@OnsOranje) August 12, 2026








