Мурињо ќе биде горд на вакви голови: Лунин асистираше со рака, Брахим постигна извонреден погодок

Дерби

13/08/2026

11:56

100

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид вчеравечер го одигра претпоследниот тест пред новата сезона во шпанската Ла Лига, а тимот на Жозе Мурињо беше гостин на традиционалниот турнир кој го организира Депортиво Ла Коруња.

Повратникот во шпанската елита закажа контролка против Реал Мадрид за да го одбележи најновото издание на турнирот на „Риазор“, па во еден меч кој двата тима го сфатија доста сериозно, на крајот пресуди еден гол.

Како многупати во кариерата на Жозе Мурињо, неговиот тим победи со еден гол, а Португалецот сигурно ќе биде и посебно горд на начинот на кој беше постигнат гол.

Играчите на Реал ги фатија противниците на „спиење“ и постигнаа необичен гол во транзиција, и тоа со акција во два потези.

Голманот Лунин по одбраната испорача една одлична асистенција со рака, по што Брахим Дијаз мајсторски ја прими топката со гради и си даде предност, по што извонредно и погоди за 0:1 и победа на „кралевите“.