Роналд Куман ја презема одговорноста за раната елиминација на Светското првенство и ја остави празна селекторската функција во Холандија, а еден месец подоцна, „лалињата“ излегоа со соопштение за неговиот наследник.
Иако првично се преговараше со Арне Слот, беше разгледувана и опцијата Роберто Мартинез, на крајот конечниот избор падна на човек кој го гледа фудбалот на сличен начин како Холанѓаните, Шпанецот Чави Ернандес.
Легендата на Барселона е симбол за допадлив, технички добар и офанзивен фудбал, па јасно е дека тие вредности ќе се обиде да ги постави како темели во холандската репрезентација.
Возбуден од назначувањето на Ернандес е и неговиот имењак, Чави Симонс, кој дури и во моменти кога се опоравува од тешка повреда најде време да му пише на Чави со оригинална ретро-фотка од Барселона.
– Името кое го инспирираше моето. Добредојде во Холандија тренеру Чави Ернандес, – порача Симонс.
The name that inspired mine.
— Xavi Simons (@xavisimons) August 12, 2026
Welcome to the Netherlands, coach Xavi Hernández 🇳🇱🧡 pic.twitter.com/wc1SwqXTvQ








