[ВИДЕО] СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вели Петрушевски

Макфакс

12/08/2026

15:32

113

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, ги обвинува активистите на СДС за создавање на паника и дезинформации за безбедноста на водата во Скопје, тврдејќи дека целта е финансиско профитерство и политички поени.

„До сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници. Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните. СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за да тие заработат денар повеќе, а СДС политички поени.

Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата.

До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното.

Наместо да се извинат за Гостивар, но и за сите други населени места во кои изминатите години додека тие беа на власт, поради Филипче и СДС, граѓаните конзумирале небезбедна вода за пиење, а тогашните власти не ги известувале преку институциите, денес одат чекор повеќе и прават хаос во општеството затоа што не знаат како да дојдат до медумско и граѓанско влијание.

Ова веќе ја помина секоја граница.

Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почне да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење на лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.