Мареска има необично фудбалско сфаќање: Халанд никогаш нема да биде капитен во мојот тим

Дерби

12/08/2026

11:11

115

Големина на фонт

а а а

Енцо Мареска ги привикнува фудбалерите на Манчестер Сити на новите методи и веќе неколку дена работи и со ѕвездите кои се вратија од мундијалот, а набрзо тоа ќе биде случај и со Ерлинг Халанд кој се врати во Англија.

Норвешката суперѕвезда е една од последните кои се приклучуваат на тимот во овие пресезонски подготовки, но пред да ги добие воведните инструкции од новиот менаџер, Халанд дозна дека има мали шанси да ја носи капитенската лента под водство на италијанскиот стручњак.

Мареска самиот откри дека има едно необично фудбалско сфаќање кога се капитените во прашање, па според истото, шансите се речиси невозможни Халанд да заврши како капитен во неговиот тим.

– Во Лестер и во Челси имав воведено јасно правило. Кога постигнуваме гол, капитенот мора да дојде до клупата и да ги слушне моите инструкции за останатиот дел од мечот. Мојот капитен не оди да слави со останатите, туку доаѓа до клупата.

– Правевме исклучок само кога капитенот беше тој кој постигнува гол, а ако го ставиме Ерлинг меѓу капитените во Сити, ќе имаме голем проблем, – со насмевка на лицето објасни Мареска.