Фердинанд со ургентен совет до Јунајтед за играчот кој им го нуди Арсенал: Веднаш притиснете го „зеленото копче“

Дерби

12/08/2026

10:58

148

Големина на фонт

а а а

Вчера во англиската јавност се појави информација дека Арсенал како клуб го понудил Мајлс Луис-Скели на Манчестер Јунајтед и Челси, па иако се уште нема официјална потврда за тоа колкава сума бараат „топчиите“, Рио Фердинанд смета дека ова е шанса што не смее да се пропушти.

Младиот 19-годишен англиски фудбалер може да одговори на повеќе позиции во систем на било кој тренер и тоа го докажа изминативе две сезони како лев бек и извонреден играч за врска, па иако во месец мај се доби впечаток дека може да има многу подобра сезона од таа што заврши кога му го „украде“ местото на Зубименди, ангажманот на Бруно Гимараеш од Њукасл го стави Луис-Скили во непријатна ситуација.

Според информациите, фактот што Арсенал не може да му гарантира статус на стартер го носи младиот фудаблер надвор од „Емирејтс“ и ќе се слушаат понуди за него до крајот на летниот преоден рок, а Фердинанд го советува Јунајтед веднаш да го активира „зеленото копче“ ако англискиот првак навистина го понудил Луис-Скили.

– Ако сум јас во Манчестер Јунајтед, веднаш би го притиснал „зеленото копче“ и би го купил. Би го купил веднаш, уште сега во овој момент, – вели Фердинанд во своето обраќање на јутјуб каналот.

– Тој е извонреден играч, топ играч кој беше од огромно значење за Арсенал на крајот на минатата сезона. Тој придонесе Арсенал да ја освои титулата во Премиер лигата, играше брилијантно и секогаш оставаше добар впечатокот на теренот. Ако навистина е на трансфер пазарот, ова е шанса што не смее да се пропушти. Ако го нудат за добра сума, треба веднаш да се затвори операцијата. За мене добра сума е околу 60 и 70 милиони фунти, ако станува збор за таква зделка, Јунајтед не треба да поставува прашања и треба да го собере, – посочи Фердинанд.