Диоманде со први импресии од тренинзите во Реал: Една работа ми е посебно неверојатна

Дерби

12/08/2026

10:44

120

Големина на фонт

а а а

Јан Диоманде стана најскап реализиран трансфер во историјата на Реал Мадрид бидејќи неговата зделка може да достигне 140 милиони евра, па иако вложените средства ќе прават притисок врз најдобриот млад играч од Бундеслигата за минатата сезона, повеќе од јасно е дека Жозе Мурињо во својот тим доби огромен талент кој допрва треба да се надградува.

Диоманде забележа стратосферски раст во една сезона и демонстрираше дека поседува огромен потенцијал, а иако одработи неколку тренинзи со новите соиграчи, Жозе Мурињо процени дека тој сè уште не е подготвен за деби на мечот против Депортиво вечерва.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска ќе мора да почека за деби до последниот меч од летните подготовки, а во меѓувреме направи и интервју за клупската телевизија на Реал во кое говореше за првите искуства во клубот.

– Горд сум и среќен што дојдов тука, ова е остварување на сонот за мене. Кога бев дете, сакав да играм за најголемите клубови во светот, а Реал Мадрид е најголем. Благодарен сум и почестен што сум тука, сакам моето семејство да биде гордо на тоа што го правам.

– Ова е најголемиот клуб во светот и секој играч сака да биде на мое место. Благодарен сум што ми дадоа шанса да дојдам тука и да ја споделам мојата среќа. Благодарен сум на тренерот Мурињо со кои имав долги разговори, на претседателот и сите во клубот.

– Сепак, за мене најимпресивни се соиграчите, секогаш е добро да имате такви играчи во соблекувалната. Учите од нив секој ден. Досега ги гледав на телевизија, а сега ја делам соблекувалната со нив, тоа за мене е посебно неверојатно, – вели Диоманде.