Д-р Чубрило вели дека ова е убедливо најздравата храна на светот, а еве која намирница никогаш не ја јаде: „И баба ми го знаеше тоа, а можеби ви звучи лудо“

Точка

11/08/2026

19:55

667

Големина на фонт

а а а

Што е најдобро да се јаде? Каква храна треба да се избегнува бидејќи може да нè одведе кон болест? Со кои намирници е најдобро да се започне денот? А какви пијалаци не е паметно да се консумираат?

„Обожавам бадеми, имам свои ритуали. Земам една шака бадеми, а не два килограми. Сакам да земам црно чоколадо, еден ред. Ако го немам тоа, ќе земам една смоква. Тоа е мојот прв оброк, појадок, не сум направил скок на шеќерот, инсулинот ми е мирен. А подоцна можам да земам и чорба“, објасни професорот по физиологија и специјалист по спортска медицина Дејан Чубрило, гостувајќи на „TV PRVA“, па нагласи:


„Ако ме прашате мене која е најдобрата храна на светот, ќе ви кажам: каши, житарки, мешунки, јаткасти плодови, а никако месо, сирења, јајца. Протеинската приказна е катастрофална. Се сеќавам на баба ми која избираше мешунки. Со рацете проверуваше кои се добри, а потоа ги ставаше во вода. Можеби ви звучи лудо, но кога ќе погледнете колкава количина мешунки се става во вода, тоа навистина се две-три лажици. Секогаш апелирам на фамозната морска сол со минерали. Мешунките лесно се варат и не го зголемуваат нивото на шеќерот“.


Тој ги коментирал и популарните пијалаци: „Би се задржал на сокот од портокал... Ќе ми дојде некој и ќе ми каже дека на своето дете наутро му дава сок од портокал. Тоа е супер здраво за да се влезе во болест. Тоа е голема количина шеќер, мислиме на глукоза. За жал, не е популарно да се каже тоа, но јас морам да го кажам. Ако три дена земате сокови кои се комбинација од овошје и зеленчук, ќе создадете слепа подлога за да влезете во зоната која се нарекува влегување во болест. Тоа навистина не е здраво. Приказната за детоксикација базирана на сокови е комерцијална приказна која, за жал, зеде замав“.


Тој ја даде и оваа препорака за тоа како да го започнеме денот: „Појадокот не смее да биде шеќерен, а кога го велам тоа, тогаш не мислам само на здрав или нездрав шеќер. Секој шеќер е нездрав. Било која од тие намирници, без разлика дали станува збор за овесна каша, киноа или која било егзотична намирница што се користи во здравата исхрана, таа е шеќер. Ние секогаш гледаме колку се зголемил тој шеќер откако сме го изеле. Секој негов скок е влегување во болест“.