Маж и две жени уапсени за пукањето со автоматска пушка во Тетово

Макфакс

11/08/2026

12:20

89

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Тетово уапси тројца лица под сомнение за пукање со автоматска пушка кон семејна куќа, како и за други поврзани кривични дела. Случајот се уште е во тек на расчистување.

Полицијата уапси три лица за пукањето со автоматска пушка во куќа во Тетово, што се случи во саботата, 8 август.

Според информациите на МВР, вчера во 14:45 часот на патот Тетово–село Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Имено, тој се сомничи дека на 8 август, околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што избегал.

Во врска со настанот, вчера вечер полицијата извршила претрес во домот и помошните простории на Д.С.(44) во Тетово. При претресот се пронајдени и одземени 66 патрони ловечка муниција калибар 12 мм, две кациги, две камери за видео-надзор и мемориска картичка, а поради сомнение за сторено кривично дело „помагање“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ уапсена е и Ф.С.(58) од Тетово.

Исто така, во врска со настанот, во полиција сама се пријавила Ф.С.(31) од Тетово.

Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.