Одлична вест од РКЕ: Значително намалување на цените на горивата во Македонија, дизелот поевтинува најмногу

Макфакс

10/08/2026

13:03

695

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија објави нови намалени цени на нафтените деривати во Северна Македонија, со поевтинување на бензините и дизелот од полноќ на 11 август 2026 година.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот за 10,435%, кај екстра лесното масло за 8,138% и кај мазутот намалувањето е за 7,151%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,0313%.


Од 11.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,538 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 8,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,538 ден/кг.