Интер во добар дел од месец јули изгледаше како клуб кој е во најдобра позиција да го ангажира Кристијан Ромеро, но откако во целата акција се вклучија Атлетико и Чоло Симеоне, сега се чини дека аргентинскиот стопер е многу блиску до преселба во шпанската престолнина.
Висината на трансферот треба да достигне 40 милиони евра поради фактот што Ромеро самиот побара да си замине од Тотенхем, а со оглед на тоа што станува збор за елитен дефанзивец кој беше дел и од финалето на Светското првенство, Пол Сколс смета дека е малку чудно што ниту еден голем клуб од Англија не тргна по него.
Легендата на Манчестер Јунајтед смета дека токму „ѓаволите“ треба да бидат поактивни и да направат пресврт во ситуацијата со Ромеро, бидејќи така Мајкл Карик во својот тим би ги добил стартните стопери на аргентинската репрезентација, Мартинез и Кути.
– Може некој ќе ми се смее за ова, но јас навистина би тргнал и би го довел Кристијан Ромеро од Тотенхем во Манчестер Јунајтед. Знам дека знае да биде малку луд, знам дека има проблеми со дисциплината, но тој е извонреден стопер и може да биде смирен од некој како Мајкл Карик.
– Се зборува за трансфер од 30 или 40 милиони евра, а тоа ќе биде частенка. Да добиете играч кој играл во финале на Светско првенство за таа сума е реткост во денешниот фудбал. Знам дека има проблеми со дисциплина, но би одел по него. Сметам дека на Јунајтед очајно му требаат нови стопери, и тоа не еден, туку два, – заклучува Сколс во обраќањето во подкастот „The Good, The Bad & The Football“.








