Килијан Мбапе вчера се појави во Валдебебас и ги мина стандардните лекарски проверки пред да се приклучи на активностите, а во продолжение од денот го одработи и првиот тренинг пред присуство на Жозе Мурињо.
Францускиот капитен имаше извонреден настап на мундијалот и ја освои „Златната копачка“ како најдобар голгетер, па со таква аура се појави и на првиот тренинг во шпанската престолнина.
Мбапе ќе темпира форма за стартот на новата натпреварувачка сезона и во овие први денови ќе треба да се адаптира на новите методи кои ги применува Мурињо, но ако се суди според стартот, Килијан се уште е „жежок“ како што беше во САД.
Килијан се врати на тренинзите со стил и изведе страшна акробација на воведниот тренинг, па мајсторскиот гол кој го постигна пред очите на Мурињо брзо привлече внимание и на социјалните мрежи.
Реал Мадрид до стартот на сезоната ќе одигра уште два пријателски меча против Депортиво Ла Коруња и Шалке 04, а токму на тие два меча се очекува и првата минута на Мбапе во оваа пресезона.
Mbappe under Mourinho will be so deadly, what was that🤯 pic.twitter.com/h6oowPT9t8
— TwiIight (@Deezyagain_) August 10, 2026








