Општина Центар започнува јавна анкета за Нацрт Деталниот урбанистички план „Барутана“, овозможувајќи граѓаните да се вклучат директно во процесот на донесување одлуки преку доставување предлози и мислења во периодот од август до септември 2026 година.
Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки.
„Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или Советот. Одлуките треба да ги носиме заедно со граѓаните. Затоа ги повикувам сите жители да се вклучат во јавната анкета, бидејќи секое мислење е важно и секој предлог заслужува внимание. Само преку отворен дијалог можеме да носиме одлуки што ќе бидат во интерес на граѓаните“, порача Герасимовски.
Јавната анкета ќе се спроведува во периодот од 13 август до 14 септември 2026 година.
Граѓаните ќе можат да пополнат анкетни листови во писмена форма, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, во просториите на ООУ „Кочо Рацин“ (ул. „Салвадор Аљенде“ бр. 2), каде што нацрт-планот ќе биде изложен во хартиена форма.
Анкетните листови ќе бидат достапни и во електронска форма преку веб-страницата на Општина Центар








