Трагедија на Халкидики: српски турист извлечен мртов од морето кај Сарти

Макфакс

10/08/2026

18:52

203

Големина на фонт

а а а

Од морето во областа Сарти, на Халкидики, е извлечен 56-годишен српски државјанин, кој починал од давење.

Според достапните информации, несреќниот маж бил извлечен од морето во несвест. На местото на настанот веднаш пристигнал спасител, кој му укажал прва помош и се обидел да го реанимира, но без успех.

56-годишникот бил пренесен со брза помош од Сарти во Здравствениот дом „Агиос Николаос“, каде што лекарите официјално го прогласиле за мртов.

Се очекува телото да биде префрлено во мртовечницата во Солун, каде што ќе се изврши планираната обдукција, која треба да ја утврди точната причина за оваа трагедија.