Рубио: Администрацијата на Трамп е подготвена да ѝ помогне на Колумбија

Макфакс

10/08/2026

19:51

106

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Марко Рубио истакна дека администрацијата на Трамп внимателно ја следи ситуацијата по земјотресот во Колумбија и е подготвена да им помогне на граѓаните и на колумбиската администрација, повикувајќи ги американските граѓани во Колумбија да ја следат амбасадата на САД.

Администрацијата на Трамп „внимателно ја следи“ ситуацијата по земјотресот во Колумбија, објави американскиот државен секретар Марко Рубио.

„Соединетите Американски Држави се подготвени да им дадат поддршка на граѓаните на Колумбија“, напиша тој на Икс.

Тој ги повика американските граѓани во Колумбија да ги следат најавите на амбасадата на САД во Богота.