Инцидент пред базен во Кавадарци: Уапсен 27-годишен кавадарчанец со 2,89 промили алкохол

Макфакс

10/08/2026

14:20

288

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Кавадарци уапси 27-годишен маж кој пред градскиот базен го нарушил јавниот ред под дејство на високо ниво алкохол во крвта и со пронајдени дроги. Против него ќе бидат поднесени пријави.

Полицијата во Кавадарци, вчера го приведе П.М.(27) од овој град, затоа што пред градски базен го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги почитувал наредбите на полициските службеници и при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли, соопшти МВР.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.