Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Макфакс

10/08/2026

14:10

273

Големина на фонт

а а а

Во Затворот Идризово, при преглед на пратка за осуденик од Куманово, биле пронајдени 32 пакувања марихуана кои биле одземени од полицијата, а МВР најави поднесување пријава по документирање на случајот.

Вчера во 13:40 часот во СВР Скопје од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ било пријавено дека околу 11 часот, при извршен претрес на пратка наменета за осуденикот О.М. (48) од Куманово, биле пронајдени и одземени 32 пакувања со марихуана.

Полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.