Пронајден е „BMW“ стар речиси 50 години во состојба каква што денес ретко се гледа.
„BMW“ произвел повеќе од 1,3 милиони примероци од првата генерација на Серија 3, позната како E21, но денес е тешко да се пронајде примерок во толку добра состојба.
Овој „BMW 320i“ од 1977 година поминал само околу 14.500 километри. Автомобилот како нов му бил испорачан на купувач во Колорадо (САД), а повеќе од 40 години бил во сопственост на истиот човек.

По неговата смрт во 2020 година, автомобилот во 2024 година го купил сегашниот сопственик.
Пред продажбата бил сервисиран и добил нов термостат, црева на системот за ладење, свеќички, акумулатор, погонски ремени и пневматици.

Особено се истакнува оригиналната боја „Fjord Metallic“, како и фабричките 13-инчни алуминиумски фелни.
Во кабината се наоѓаат спортски седишта „Recaro“ кои, и покрај староста, покажуваат многу малку траги од користење.

Под хаубата се наоѓа оригиналниот 2,0-литарски четирицилиндричен бензински мотор M10 со 110 КС, поврзан со четиристепен мануелен менувач и погон на задните тркала.
Според оригиналната налепница со цената, автомобилот во 1977 година чинел 9.620 долари, што денес би одговарало на сума од нешто повеќе од 53.000 долари.

Автомобилот бил понуден на аукција, каде што највисоката понуда достигнала 20.000 долари, но резервната цена не била постигната, па „BMW“ не бил продаден.














