Охриѓанец со стаклен предмет ја нападнал снаата

Макфакс

08/08/2026

14:50

121

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Охрид приведе 49-годишен маж по инцидентот кој се случил во домот каде живеел со своето семејство, откако со стаклен предмет ја нападнал сопругата на својот брат.

Полицијата го приведе Р.К.(49) од Охрид.

„Според пријавеното, околу 19:30 часот во домот каде што живее тој со неговиот татко и сестра, настанала расправија помеѓу него и неговиот 44-годишен брат, по што тој со стаклен предмет ја нападнал сопругата на брат му, а откако влегле во возилото, останатите членови на семејството му кажале дека извадил пиштол и барале да си оди побрзо. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.