Скопјанка го пријавила сопругот дека ја истепал, подоцна мажот ја пријавил дека таа го истепала

Макфакс

05/09/2026

14:40

134

Големина на фонт

а а а

Во Скопје, 40-годишна жена пријавила физички напад од нејзиниот сопруг, кој подоцна, исто така, пријавил дека бил нападнат од неа. Случајот се истражува за целосно расчистување.

Вчера во 12:36 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријави дека околу 11:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 43-годишен маж.

Подоцна во 12:41 часот, 43-годишниот маж од Скопје пријави дека во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 40-годишна жена.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.