Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Свети Николе поднесе кривична пријава против двајца вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ поради неовластено користење службени трактор и теренско возило за сопствени потреби.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Р.(45) и Љ.Д.(40), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“.
На 25.05.2026 во Свети Николе, пријавените вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Свети Николе“, за време на неработни денови, првопријавениот како референт за превоз, а второпријавениот како ракувач со градежна машина, неовластено го користеле службениот трактор и теренското возило за сопствени потреби и извршиле пренос на огревно дрво од реонот на Шумско стопанска единица Ѓуриште до своите домови во Свети Николе.








