Пожар во Кисела Вода, маж пренесен во болница поради вдишување чад

Макфакс

08/08/2026

14:40

209

Големина на фонт

а а а

Во Кисела Вода избувна пожар кој зафати жива ограда и возило, при што еден маж е пренесен во болница поради вдишување чад. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а на местото на настанот извршен е полициски увид.

Синоќа во полицијата било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода избувнал пожар, при што била зафатена жива ограда од куќа и било оштетено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Со повреди поради вдишување чад се здобил М.Д.(41) од Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот.