[ВИДЕО/ФОТО] „Ер трактори“ го гаснат пожарот кај Сопиште

Макфакс

08/08/2026

17:30

391

Големина на фонт

а а а

Во општина Сопиште и под Водно активно се гаснат пожари со користење на противпожарни авиони, попознати како „Ер трактори“. Според Дирекцијата за заштита и спасување, моментално има пет пожари низ земјата, но сите се под контрола и очекуваат да бидат целосно изгаснати во текот на денот.

Три „Ер трактори“ се вклучија во гаснење на пожарот на територијата на општина Сопиште, зад Водно.

Дирекцијата за заштита и спасување објави видеа од акцијата.

„Дејство на противпожарните авиони на ДЗС, ’Ер трактор’ врз пожарот во Општина Сопиште, под јужната страна на планината Водно кај Скопје“, стои во описот на видеата.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека денеска низ земјата има пет пожари, но дека ниту еден од нив нема капацитет да предизвика поголема штета.

Ангелов кажа дека очекува сите пожари да бидат изгаснати.