Во Штип е пријавено пронајдено тело на 38-годишен маж во неговиот дом, а лекарите констатирале смрт без траги на насилство. Телото е предадено на обдукција по наредба на јавниот обвинител.
Вчера во полицијата било пријавено дека во домот бил пронајден починат А.П.(38) од Штип.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.






