„OPENAI“ направи голем пресврт: Корисниците кои бесплатно го користат „ChatGPT“ повеќе нема да имаат ограничување за разговорите

Точка

07/08/2026

17:56

425

Големина на фонт

а а а

„OPENAI“ најави промени за корисниците на „ChatGPT“, а најголемата новина се однесува на корисниците на бесплатната верзија, кои отсега ќе можат да водат неограничен број текстуални разговори.

Корисниците на бесплатниот пакет и претплатата „Go“ ќе го добијат новиот модел „GPT-5.6 Luna“, кој ќе го замени досегашниот „GPT-5.5“ како стандарден модел.

Пристигнува и опција за посложени задачи

Покрај тоа, на корисниците ќе им биде достапна новата функција „Think“, која овозможува моделот да користи повеќе компјутерски ресурси при решавање посложени прашања и да дава подетални одговори.

Од „OPENAI“ наведуваат дека одредени ограничувања сепак ќе останат за понапредните функции, како што се работа со датотеки, гласовна комуникација, обработка на фотографии и создавање нови слики.


Нови можности за корисниците кои плаќаат претплата

Корисниците на пакетите „Plus“ и „Pro“ ќе го добијат унапредениот модел „GPT-5.6 Sol“, наменет за секојдневни задачи како одговарање на прашања, пребарување на интернет, планирање, пишување и донесување одлуки.

Новата верзија, според компанијата, треба да нуди пократки и посигурни одговори. Корисниците кои плаќаат претплата ќе добијат и можност да го прилагодат нивото на размислување на моделот, односно да изберат колку време и компјутерски ресурси ќе се користат за одреден одговор.


Промените пристигнуваат постепено

Новиот модел за корисниците на „Plus“ и „Pro“ е достапен веднаш, додека корисниците на бесплатната верзија во текот на оваа и следната недела постепено ќе добиваат пристап до новите можности и неограничените текстуални разговори.