СДСМ: Анализата на водата во Гостивар ќе се чека до 20 август, власта си игра со здравјето на граѓаните

Макфакс

06/08/2026

08:43

115

Големина на фонт

а а а

СДСМ ја критикува Владата за неодговорниот однос кон проблемите со водата за пиење во Гостивар, откако министерот за здравство најави дека официјалните резултати од анализите ќе бидат познати до 20 август. Партијата ги посочува и негативните последици врз здравството и ја обвинува власта за свесно игнорирање на проблемот.

СДСМ обвини дека Владата неодговорно постапува со состојбата со водата за пиење во Гостивар, по објавата на министерот за здравство Сашо Клековски дека официјалните резултати од анализата на водата ќе бидат познати до 20 август.

„Како тогаш можеше да се тврди дека водата е технички исправна, ако анализите сè уште не се готови?“, прашуваат од СДСМ, оценувајќи дека Владата се обидува политички да ја претстави состојбата.

Од партијата потсетуваат и на изјавите на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за хиперхлорирањето на водата, како и на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,  Стојанче Ангелов, кој јавно потврди присуство на опасна бактерија.

СДСМ тврди и дека состојбата ја погодила и гостиварската болница, од каде, како што наведуваат, пациенти се префрлаат во Тетово, а обвинуваат и за недоволен број медицински кадар.

„Ова повеќе не е неспособност, туку свесно труење и целосно немање одговорност“, стои во партиското соопштение.