Нема место за Леброн: Адебајо ги избра петте најдобри играчи во историјата

Дерби

05/08/2026

12:18

244

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Мајами Хит и воедно еден од најдобрите центри во НБА лигата, Бем Адебајо ги издвои и посочи неговите пет најдобри играчи во историјата.

На неговата листа на најомилени кошаркари, асови кои за него се најголеми немаше место за Леброн Џејмс, човекот кој неодамна одлучи да остане активен и да потпише двегодишен договор со Филаделфија Севентисиксерс.

За Бем во идеалната петка се Коби Брајант, Стеф Кари, Кевин Дурент, Тим Данкан и Мајкл Џордан.

Меѓутоа и покрај тоа што не се најде на неговата листа, Адебајо има високо мислење за „кралот“ и има разбирање за неговата последна одлука.

- Се е во ред со Брон. Искрено, го сметам Брон за брат. Бевме соиграчи на Олимписките игри, но дури и пред тоа секогаш водевме отворени разговори. Среќен сум за него. Сакаш најдоброто за некого. Така се продолжува понатаму, -порача асот на „жешките“.