Ливерпул останува мирен на трансфер пазарот, но тоа не значи дека така ќе остане до крајот на преодниот рок особено ако се остварат најавите на дел од медиумите.
Веќе јавна тајна е дека премиерлигашот е заинтересиран за Бредли Баркола и дека веќе се воспоставени контакти со Пари Сен Жермен околу потенцијалниот трансфер. „Светците“ имаат свои барања, „црвените“ свои проценки и се бара заеднички јазик за реализација на оваа операција.
Меѓутоа Баркола не е единсивениот играч на европскиот првак кој Ливерпул го мерка и посакува да го добие затоа што покажува интерес и за 18-годишниот Ибрахим Мбаје. Сенегалецот не е задоволен од статусот што го има во екипата и бара нов клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.
На негова адреса има понуди од Бундеслигата, РБ Лајпциг беше најсериозна опција, ама тоа се промени откако ПСЖ остана без Јан Диоманде за кого покажуваше силен интерес, поточно тимот од Лига 1 одлучи во моментов да не соработува во „биковите“.
Баер Леверкузен е друга опција за Мбаје кој во моментов сепак му да приоритет на Ливерпул особено откако го доби Жорж Мендеш за свој агент.
Ибрахим има договор со сегашниот тим до 2028 година.




