Манчестер Сити почна ново поглавје, нова ера во својата историја без Пеп Гвардиола и со Енцо Мареска како негов наследник.
Допрва ќе ја видиме работата на Италијанец, како ќе се снајде и дали ќе ги оправда очекувањата на „Итихад“, а во меѓувреме управа се обидува да му помогне, да ја освежи и засили екипата.
Едно од имињата кое пристигна е Елиот Андерсон од Нотингем Форест, играч за кого Сити се одлучи да плати фантастични 116 милиони фунти. Ова за Андерсон ќе биде најголем предизвик во досегашната кариера, нов чекор во кој ќе има помош од соиграчите.
- Мислам дека има многу квалитет, многу физичка подготвеност бидејќи покажа дека е способен многу да трча, да биде добар со топката и без неа. Тој е млад, па може многу да се подобри во Сити и мислам дека е одлично засилување за нас, - порача Матео Ковачиќ.






