Рајан Шерки е голем фудбалски виртуоз и профил на играч кој полека изумира во модерниот фудбал, па токму поради тоа, вистинско уживање е да се гледа францускиот репрезентативец.
Иако понекогаш добива и критики поради тоа што претерува со своите филигрански потези, никој не може да го побие фактот дека Шерки е еден о најнадарените фудбалери кога е техниката во прашање во овој момент, а тоа на дело го почувствуваа и играчите на Борнмут.
Гостите имаа предност на „Итихад“ од 0:1 и цврсто се бранеа со низок блок, но влегувањето во игра на Шерки промени се за „црешите“.
Французинот мајсторски го проигра Халанд кој не искористи зицер, потоа асистираше од корнер до Геи кој погоди за 1:1, а во финишот од мечот, следеше најдобриот потег.
Шерки се ослободи од двајца фудбалери и испорача совршено додавање до Гвардиол, кој потоа со прецизен удар се погрижи за пресврт и ерупција на „Итихад“.
Магијата на Шерки е дел од Премиер лигата веќе една година, а Сити неговото ново фудаблско совршенство реши да го прикажа и со забавена снимка.
Timed to perfection. pic.twitter.com/PGNBSq7HTE
— Manchester City (@ManCity) August 23, 2026
Rayan Cherki changing the game for @ManCity ✨ pic.twitter.com/VAMMCF6sQO
— Premier League (@premierleague) August 23, 2026








