СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

Макфакс

04/08/2026

09:23

167

Големина на фонт

а а а

„Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден за да ја продолжи поделбата на народот. Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Кој е тој „талог“ според Мицкоски“, прашува СДСМ.

„Сите што не мислат како него! Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност.

Истиот човек кој со години ги нарекува граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник.

На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба.

На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа и навредува.

Во исто време, додека зборува против „талогот“, неговата Влада ги пречекува функционерите на Вучиќ – претставници на политиката од деведесеттите, на војните и на заговарањето на етничко чистење.

Луѓе што отворено зборуваат за етничко чистење и што доаѓаат како емисари на „српскиот свет“.

Ова не е патриотизам.

Ова е политичка омраза облечена во празничен говор.

Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека го третира народот како „талог“.

Додека тој дели и навредува, Македонија стои во место без реформи, без кластери, со изолација и со граѓани што стојат со часови на границите.

Илинден беше борба за слобода. Мицкоски го претвори во борба против сопствениот народ“, соопшти СДСМ.