Мајка и ќерка од Сараево починаа за помалку од еден час на одмор во Црна Гора

Макфакс

01/09/2026

09:30

307

Големина на фонт

а а а

Две жени, мајка и ќерка од Сараево, трагично починаа за помалку од еден час додека беа на одмор во Црна Гора, а причината за нивната смрт е срцев удар според првичните обдукциски наоди.

Мајка и ќерка од Сараево починаа додека беа на одмор во црногорскиот град Добра Вода.

Според информации од Црна Гора, ќерката починала прва, а мајката помалку од еден час подоцна.

Потврдено е дека во овој случај нема елементи на кривично дело. Прелиминарните наоди од обдукцијата покажаа дека причина за смртта кај двете жени е срцев удар.