Ангелов: Пожарникарите работеа цела ноќ, пожарот во Кавадаречко е намален, но сè уште активен

Макфакс

04/08/2026

08:30

328

Големина на фонт

а а а

Пожарникарите во Кавадаречко работеа цела ноќ за да ја намалат активноста на пожарот, кој и денеска е сè уште активен. Неколку екипи од различни институции се вклучени во интервенцијата на два правци во регионот.

Во Кавадаречко пожарникарите работеа во текот на целата ноќ, пожарот значително е намален, но сè уште е активен, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.


„Денеска од 06:00 часот на пожарот се ангажирани повеќе екипи на два правци: На правецот од село Дреново кон Ќесендре интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна, 1 скип и двајца вработени; МВР со 1 џип, 1 пинцгауер и четворица вработени; ЈПНШ – подружница „Бор“ Кавадарци со 1 камион, 1 џип и 4 вработени; и ТППЕ Кавадарци со 2 пинцгауери, 1 „Лада Нива“ и 8 пожарникари;


Во реонот на село Раец интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна за вода, 1 скип и 2 вработени; ТППЕ Кавадарци со 1 противпожарно возило и 5 пожарникари; ТППЕ Неготино со 1 џип и 4 пожарникари; како и 4 вработени од МВР“, соопшти Ангелов.