Почина генералот Ратко Младиќ: Беше осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница

Точка

27/08/2026

15:03

493

Големина на фонт

а а а

На 84-годишна возраст, во притворската единица на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Шевенинген, почина генералот Ратко Младиќ, пренесуваат српските медиуми.

Веста за смртта на генералот ја потврди неговото семејство.


Генералот на Војската на Република Српска, кој во Хаг беше осуден за геноцид и други злосторства, претрпел повеќе мозочни удари, по што неговата здравствена состојба, која и претходно била многу лоша, дополнително се влошила.

Младиќ од 2024 година се наоѓал во притворската болница во Хаг, каде што бил под палијативна нега поради тешката здравствена состојба.


Механизмот во Хаг повеќепати го одбил барањето тој да биде пуштен на привремена слобода за лекување во Србија.

Ратко Младиќ беше уапсен во Србија во 2011 година, а во 2021 година Апелацискиот совет му ја потврди конечната казна доживотен затвор за геноцидот врз околу 8.000 Бошњаци во Сребреница, опсадата и теророт врз Сараево, прогонот на Бошњаците и Хрватите и земањето припадници на ОН за заложници за време на војната во БиХ.