[ФОТО] Време е системот да се оперира без анестезија, порача Филипче во објава со фотографија во хируршка облека

Макфакс

03/08/2026

21:30

334

Големина на фонт

а а а

Венко Филипче преку фотографија во хируршка облека и порака на социјалните мрежи го спореди системот со хирургија, повикувајќи на итна и решителна операција на системот без анестезија, критикувајќи ја политиката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави фотографија на социјалните мрежи на која е во хируршка облека, проследена со порака.

Во објавата, Филипче, кој по професија е доктор, ја споредува хирургијата со политиката, наведувајќи дека едната бара прецизност, одговорност и „чисти раце“, додека, како што пишува, политиката што ја водат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е спротивна.

„Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце. Политиката што ја водат ВМРО и Мицкоски – обратно. Додека ние спасуваме животи, тие ја трујат државата со лаги, поделби и криминал. Време е конечно да се оперира системот. Без анестезија“, напиша Филипче во објавата на Фејсбук.