Приведен 50-годишник кој пијан пешачел по автопатот Гостивар -Тетово

Макфакс

03/08/2026

21:10

152

Големина на фонт

а а а

Приведен е 50-годишен маж кој пијан се движел како пешак по автопатот Гостивар–Тетово, со што предизвикал интервенција на полицијата и поднесување на пријава.

Педесетгодишен маж е приведен откако пијан се движел како пешак по автопатот Гостивар - Тетово.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил откриен денеска околу 2:30 часот кај клучката „Тучевиште“, каде полициски службеници забележале пешак на коловозот.

Станува збор за О.А. (50) од селото Неготино, кај кого со алкотест биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта.

Според МВР, при преземањето на службените дејствија тој ги омаловажувал полициските службеници, поради што бил задржан во полициска станица.

По целосното документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.