Приведен 52-годишен стружанец поради инцидент на прославата за 2 Август

Макфакс

03/08/2026

20:40

241

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Струга приведе 52-годишен маж поради инцидент на одбележувањето на 2 Август, кога тој упатувал вербални навреди кон јавни личности. Против него ќе биде поднесена пријава за спречување службено лице во вршење службено дејствие.

Полицијата приведе 52-годишен жител на Струга поради инцидент што се случил за време на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката во селото Ташмаруништа.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека С.Г. (52) бил лишен од слобода вчера во 14:15 часот, по претходна пријава дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, по што упатувал вербални навреди кон јавни личности присутни на настанот.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.