Гаши главен говорник на меѓународната конференција на Лигата на арапските држави во Каиро

Макфакс

03/08/2026

19:10

197

Големина на фонт

а а а

Африм Гаши, претседател на Собранието, беше главен говорник на меѓународната конференција во Каиро, каде што се дискутираше за борбата против дискриминацијата, човековите права и улогата на муслиманските заедници во промовирањето на толеранција и мир.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше како главен говорник на Втората меѓународна конференција за борба против дискриминацијата, организирана во Каиро од страна на Генералниот секретаријат на Лигата на арапските држави, во соработка со ICESCO (Исламска светска образовна, научна и културна организација).

Конференцијата собра претставници на парламенти и влади, меѓународни организации, академици и верски лидери, кои дискутираа за улогата на муслиманските заедници на Запад, промовирањето на толеранцијата, меѓурелигискиот дијалог, заштитата на човековите права, борбата против говорот на омраза и градењето култура на мир.

Во своето обраќање, претседателот Гаши истакна дека Република Северна Македонија претставува пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот, нагласувајќи дека различноста е богатство и темел за градење демократски општества. Тој посочи дека борбата против секоја форма на дискриминација не претставува само заштита на една заедница, туку и заштита на човечкото достоинство, еднаквоста, слободата на совеста и почитувањето на различностите. Исто така, ја нагласи улогата на парламентите и институциите во зајакнувањето на дијалогот, заштитата на основните права и промовирањето на културата на меѓусебно почитување.