Арагчи: Нетанјаху се фали дека ги вовлекол САД во војна со Иран

Макфакс

31/08/2026

14:40

175

Големина на фонт

а а а

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги обвини израелскиот премиер Нетанјаху дека се фали со тоа што ја вовлекол американската администрација во војната против Иран, нарекувајќи го „змија“ и истакнувајќи дека Нетанјаху тврди дека целата акција е во интерес на Израел.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес оцени дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се фали дека ја вовлекол американската администрација во војната против Иран на сметка на Израел, нарекувајќи го Нетанјаху „змија“.

На својот профил на мрежата Икс, тој сподели видео од гостувањето на Нетанјаху на израелската телевизија, каде кажа дека „се справува со Иран речиси 40 години“.

„На хебрејски, Нетанјаху отворено се фали дека ја вовлекол американската администрација во војната против Иран на сметка на Израел. Тој експлицитно се смее за тоа како „влијаел“ врз Америка преку илјада часа појавувања на американските канали. На англиски, тој го фали лидерството на американскиот претседател (Доналд Трамп). Змија“, напиша Арагчи.

Во видеото што го сподели, Нетанјаху рече дека му требало долго време за да ги натера САД „да разберат“.

„Ми требаше долго време да го убедам нашиот безбедносен естаблишмент дека е неопходно да се справиме со Иран. Исто така, ми требаше долго време да ги натерам САД да разберат. Успеав да го направам ова бидејќи се појавував на американската телевизија речиси илјада часа“, рече Нетанјаху.