Во украински напад со дрон врз руската област Белгород загина 13-годишно девојче, а други две деца се повредени. Руските власти го осудија нападот како терористички чин.
Во украински напад со дрон врз руската погранична област Белгород загинало 13-годишно девојче, а две деца се повредени, соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Шаваев.
Според него, дронот погодил подрачје во близина на детско игралиште во селото Принцевка, во близина на украинската граница. Лекарите, како што наведе, не успеале да го спасат животот на девојчето, додека две девојчиња на возраст од седум и девет години се хоспитализирани.
Руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, нападот во близина на игралиштето го оцени како „уште еден нехуман терористички чин на режимот во Киев“, пренесуваат руските новински агенции.
Украинските власти засега не ги коментираа руските тврдења за жртвите.






