[ВИДЕО] Меси се врати на теренот, Касемиро си постигна автогол на дебито во Мајами

Дерби

02/08/2026

11:44

205

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси ја заврши двенеделната пауза по крајот на Светското првенство и одлучи да му стави на располагање на својот тим, кој рано утрово одигра 2:2 против Колумбус во МЛС лигата.

Фудбалските разочарувања најдобро и најбрзо се забораваат со нови предизвици на теренот, а Меси денеска влезе во игра во второто полувреме на стартот на вториот дел.

Иако Интер Мајами беше подобар ривал, фаворитот сепак не успеа да слави и натпреварот заврши 2:2, но за издвојување е и тоа што лоша презентација пред новите навивачи имаше Касемиро.

Бразилецот го одигра својот деби натпревар пред публиката во Мајами, а тој беше стрелецот на голот по кој гостите израмнија на 1:1.

Касемиро си постигна автогол и не го криеше разочарувањето, па во продолжение од мечот заработи и жолт картон.