[ВИДЕО] Најсмешен погодок во подготвителниот период: Голманот на Депортиво прими пацерски гол

Дерби

02/08/2026

10:51

203

Големина на фонт

а а а

Депортиво А Коруња мина низ вистинска голгота во изминатите осум години пред да се врати во шпанската Ла Лига, а во ситуација кога се избори за она кое долго го чекаше, некогашниот шпански шампион полека го менува кадарот за првата сезона во елитата од 2018-та година.

Најзвучно засилување досега е Пјер Емерик Обамејанг кој ќе биде задолжен да ги тресе противничките мрежи во сезоната која престои, но сепак најскапо засилување досега за шпанскиот клуб е Лео Роман, досегашниот голман на Мајорка.

Депортиво плати 9 милиони евра за искусниот чувар на мрежата, кој сега на дебито се прослави со неверојатна грешка која брзо се рашири на социјалните мрежи.

Шпанскиот тим одигра нерешено против Сент Паули и се враќаше од негатива (2:2), а причина за тоа беше лудата ситуација која ја режираше Роман.

Голманот на Депортиво предолго чекаше за да ја исфрли топката од својот шеснаесетник, па топката удри директно во противникот и заврши зад неговиот грб во мрежата…..