Шасивари - Палминтери: Италија е наш силен поддржувач на патот кон ЕУ

Макфакс

31/07/2026

13:00

126

Големина на фонт

а а а

Средбата меѓу министерот за правда Јетон Шасивари и амбасадорот на Италија Паоло Палминтери се фокусираше на реформите во правосудството и продлабочување на соработката во процесот на европска интеграција. Италија дава силна поддршка на македонските реформи за владеење на правото и борба против корупцијата.

На денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери, се разговаравше за клучните активности од Реформската агенда во правосудството, како и за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Италија е значаен партнер во процесот на европска интеграција и континуирано дава поддршка за реформите насочени кон посилно владеење на правото, поефикасно правосудство и одлучна борба против корупцијата, информираат од министерството.

„Преку размена на искуства и заеднички иницијативи, ќе продолжиме да градиме современ и ефикасен правосуден систем во интерес на граѓаните“.